април 21, 2026

Денеска (25.01.2026) околу 11:30 часот е пријавена тешка сообраќајна незгода во село Долно Коњари, скопско.

Според првичните информации, патничко возило со скопски регистарски таблички, управувано од малолетник, удрило во паркирано патничко возило, по што било удрено и лице – пешак И.Ф.

Од ударот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил итно пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде лекарите констатирале животно загрозувачка состојба.

За случајот е известен дежурен јавен обвинител за малолетници, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на околностите на незгодата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK