април 21, 2026

Класик во финалето на Европското првенство во ватерполо, во натпреварот за титулата најдобар на Стариот континент, Србија ја победи Унгарија по голема борба, 10:7. Србија шести пат во својата историја ја освои европската титула.

Со гранитна одбрана и фантастичен борбен дух, Србија се врати на европскиот ватерполо трон. По нерешениот резултат во првото полувреме (5:5), Србија прва стигна до предност од два гола на почетокот на третата четвртина, кога Василије Мартиновиќ го искористи напад со играч повеќе и постигна гол за 7:5. Унгарија потоа го намали резултатот на 7:6, што беше резултат со кој селекциите влегоа во решавачката четвртина.

На четири минути и 13 секунди пред крајот, Србија повторно дојде предност од два гола, а на три минути пред крајот, Ѓорѓе Лазиќ го зголеми резултатот на 9:6, во тој момент најголема предност, а прашањето за победникот дефинитивно го реши Мандиќ со гол за 10:6 една минута и 46 секунди пред крајот на натпреварот.

Голманот на Србија, Милан Глушац, дебитант на големите натпреварувања е вистинскиот херој на својата репрезентација. Во финишот на финалетоцелата „Арена“ скандираше „МВП, МВП“. Младиот голман заслужи да добие овации на отворена сцена, одбрани 11 од 18 шутеви на унгарските ватерполисти, за процент на успешност од 61,1 отсто.

Стрелците на Србија ги предводеше Душан Мандиќ со четири гола, на споритвната страна гол помалку постигна Венгел Вигвари.

Foto/ EPA

Share

The post Ватерполистите на Србија го освоија европското првенство appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK