април 21, 2026

Младо момче од селото Возарци, кавадаречко, починало синоќа, а точните причини за неговата смрт ќе бидат утврдени со обдукција, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа околу 22:30 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во својот дом во село Возарци починал С.П., на возраст од 24 години. Лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопштија од СВР – Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK