април 21, 2026

Сообраќајот кон скопската населба Волково попладнево се одвива отежнато и само по една коловозна лента, поради сообраќајна незгода што се случила во непосредна близина на Основното училиште „Тихомир Милошоски“ во скопската населба Ново Село.

Според информации што ги споделуваат граѓани на социјалните мрежи, во незгодата бил вклучен приватен автобус кој удрил во девојче, при што таа, според првичните наводи, се здобила со полесни повреди.

На местото на настанот сообраќајот е делумно регулиран, а се создаваат и застои во движењето на возилата во правец кон Волково. Повеќе информации за околностите под кои се случила сообраќајната незгода се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK