Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако во три сета 6:3, 6:4, 6:0 го совлада Шпанецот Роберто Карбалес Баен .
Петтата тенисерка во светот до победата над 75. на АТП листата стигна по два часа и три минути игра.
Новак во Мелбурн пристигна со повреда на тетивата која ја заработи во полуфиналето на турнирот во Аделаида.
Новак по денешниот натпревар откри во каква состојба е ногата.
– Ногата е во ред, не е идеална, но се доближуваме до неа. Немав многу тренинзи во последните неколку дена и се надевав дека работите ќе бидат добри од првиот до последниот бод. Се чувствував подобро како одминуваше мечот, а третиот сет беше одличен – изјави Ѓоковиќ.
Следете не, не има насекаде