април 21, 2026

Ракометната репрезентација на Португалија го освои петтото место на 17-то Европското првенство.

Португалците го постигнаа најдобриот резултат на континенталните натпреварувања во историјата, по рекордното четврто место на последното Светско првенство.

Во борбата за место на следното Светско првенство, Португалија ја победи Шведска со 36:35.

Најдобри кај Португалија беа браќата Кошта. Мартим постигна девет гола, а Франциско седум. Токму Мартим и ја донесе победата на Португалија со гол во последната секунда.

Сандел беше најефикасен против Швеѓаните со осум гола.

Да ве потсетиме дека во полуфиналето се среќаваат Хрватска – Германија и Исланд – Данска.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Португалија е петта на ЕП, обезбеди пласман на Мундијалот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK