септември 20, 2024

Концептот на законот за данок на екстра профит е подготвен но, како што денеска изјави премиерот Димитар Ковачевски, нема да биде пуштен се додека не биде усогласен со стопанските комори.

Ковачевски нагласи дека законот нема да биде наметнат, туку ќе се усогласува со коморите затоа што идејата е да биде закон за социјален придонес на компаниите.

– Концептот на законот е подготвен, но нема да биде пуштен се додека не биде усогласен со стопанските комори бидејќи компаниите коишто се опфатени со овој закон се членки на коморите. Не се работи за зафаќање на профитот од редовното работење, туку за оданочување на екстра добивката што е над просекот што компанијата ја остварила изминатите години, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Кои компании ќе бидат опфатени ќе зависи од критериумите во законот без разлика на индустријата во којашто работат.

The post Концептот на законот за данок на екстра профит е подготвен, ќе се усогласува со стопанските комори appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK