април 22, 2026

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината во полициска станица. Таа потврди дека пејачот бил киднапиран синоќа во близина на „Бетон хала“ во Белград и сега е дома, но потребен му е мир.

„Од она што го чув од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека многу смирено и храбро се соочил со киднаперите. Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава изјави“, рече Рашиќ.

Додаде и дека полицијата трага по непознатите сторители, странски државјани, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил, барајќи му 20.000 евра.

Според досегашните информации, киднаперите се движеле во правец кон Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да го запре возилото. Во обид да избегаат, тие удриле во банкина, излегле од автомобилот и побегнале. Даниел бил пронајден врзан, а потоа поминал неколку часа во полициска станица, давајќи искази за настанот.

Рашиќ изрази благодарност до сите кои се јавиле и се загрижиле за здравјето и безбедноста на пејачот: „Им благодариме од срце на сите добри луѓе.“

Share

The post Миланка Рашиќ: Даниел е добро, но му треба мир, полицијата се’ уште трага по киднаперите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK