април 22, 2026

Шеесет и петгодишен жител на Свети Николе бил лишен од слобода откако во својот дом упатувал сериозни закани кон своите синови и физички нападнал едно од нив.

Според полициските информации, инцидентот се случил на 7 февруари 2026 година околу 21:30 часот, а полициски службеници од ОВР Свети Николе интервенирале и го привеле мажот во 22:45 часот. При интервенцијата било утврдено дека тој користел остар предмет при заканите кон двајцата синови.

Дополнително, било констатирано дека лицето било под силно дејство на алкохол, при што алкотестот покажал 2,16 промили алкохол во крвта.

По целосното расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK