април 22, 2026

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир.

Како што информираат од ГД „Гранит“ АД Скопје, измената се спроведува согласно издаденото Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје со број 15-13418/4, од 2 февруари 2026 година.

Времениот сообраќаен режим ќе биде на сила во период од 9 февруари 2026 година до 2 февруари 2027 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK