април 22, 2026

Голема победа оствари Манчестер Сити на „Енфилд“ против Ливерпул. „Граѓаните“ не само што успеаја да го задржат чекорот со водечкиот Арсенал, туку за прв пат по 89 години, забележа два триумфа против „Црвените“ во една сезона во Премиер лигата. Исто така, за прв пат од 2021 година, „граѓаните“ славеа на гостински терен.

Стрелецот на голот за победа, Ерлинг Халанд, го стави судијата Крег Посон во преден план, поради ситуацијата што се селучи во самиот финиш, кога беше јасно дека неговиот тим ќе победи.

За потсетување, Рајан Шерки шутираше од голема далечина кон небранетиот гол на Ливерпул, а додека Халанд трчаше кон топката, за да ја испрати во мрежата, Доминик Собослај го повлече за раката. Главниот судија на натпреварот го поништи вториот гол, му даде црвен картон на Унгарецот, а на „граѓаните“ слободен удар.

„Мислам дека судијата мора да ги почитува правилата, но ова ќе му донесе на Собослај суспензија од три натпревари. На крајот, ми е жал за него. Едноставно е, требае да го потврди голот, а да не додели црвен картони Но, такви се правилата“, рече Халанд.

Foto/ /depositphotos

Share

The post Халанд: Жал ми е за Собослај, но знам дека судијата мора да ги почитува правилата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK