април 22, 2026

Адријана Лима се смета за една од најубавите жени во светот. Нејзината убавина и заводлив поглед ги освоија луѓето ширум светот, особено познатите дизајнери и модни куќи за кои таа е вечна инспирација и муза.

Често ја гледаме во гламурозни стајлинзи кои привлекуваат воздишки и погледи, но многу ретко во лежерни комбинации. Сепак, сега таа одлучи да нè изненади сите и да ни покаже сосема природен изглед.

Адријана Лима неодамна беше фотографирана на аеродромот во Буенос Аирес, а ги пречека фотографите на странските медиуми со широка насмевка. Познатата Бразилка носеше лежерна комбинација за оваа пригода – широки фармерки и најобична бела маица, кои ја истакнуваа нејзината фигура слична на модел.

Додаде црни очила за да го скрие погледот од љубопитните фотографи, но оваа намера не успеа. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за ниска пунџа која го откриваше нејзиното лице.

Со овој изглед, Лима докажа дека не ѝ треба скапа шминка или апликации за убавина за да изгледа беспрекорно.

Затоа, меѓу другото, таа е најбараниот ангел на „Викторијас Сикрет“!

Share

The post (Фото) Без филтри, шминка и апликации за разубавување – Адријана Лима го покажа своето вистинско лице appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK