април 22, 2026

Во пресрет на Денот на вљубените, ЈП Лајка организира акција за запознавање на граѓаните со кучињата сместени во стационарот.

Акцијата „Биди мојот Валентајн на еден ден“ има за цел да му овозможи на секој еден да дојде во „Лајка“ да си одбере куче со кое ќе мине еден ден и потоа да одлучи дали ќе го врати назад или пак трајно ќе го вдоми.

Радмила Пешева од ЈП „Лајка“ вели дека оваа кампања наидува на добар одѕив од граѓаните.

„Со ова се обидуваме да покажеме дека и бездомните кучиња можат да бидат одлични миленици. Се надеваме дека со вакви средби во живо им се зголемуваат шансите за вдомување и очекуваме многу повеќе вдомени кучиња отколку до сега“ вели Пешева.

Таа додаде дека поради успешноста, оваа акција ќе стане и редовна активност на Јавното претпријатие

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK