април 22, 2026

Домен Превц е новиот олимписки шампион во скијачки скокови, на големата скокалница на Зимските олимписки игри. Превц стана првиот Словенец со златен медал во индивидуална конкуренција на Олимписките игри.

Во вториот скок, Превц едноставно полета. Постави нов рекорд на скокслницата, 141,5 метри и го освои златото.

За семејството Превц, ова е деветти олимписки медал, втор за Домен (освои сребро на малата скокалница).

Утре, неговата сестра, Ника Превц ќе го брка јубилејниот десетти медал.

За помалку од една година, Домен Превц освои сè што може да се освои во скијачки скокови – 11 победи во Светскиот куп, триумф на Новогодишната турнеја, четири втори места, две трети места…

„Се чувствувам како да сум во филм, како да сум во кино и се гледам себеси… Го гледам тој човек. И тоа е уживање… Многу измешани чувства. Дури и пред последниот скок сакав да уживам, сè се случи во вистинско време на вистинското место. Поради тоа уживање, почнав да се занимавам со овој спорт. Па, ако се случи, ако си добар, освојуваш некои медали“, рече Превц со насмевка.

По првата серија, Словенецот беше втор, но по неговиот брилијантен втор скок, Рени Никаидо не можеше да го достигне и заврши со сребрениот медал.

Бронзениот медал му припадна на новата надеж на овој спорт, 18-годишниот Полјак Кацпер Томашијак. Тинејџерот освои бронза и на малата скокалница.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Домен Превц доминантно до златото на големата скокалница appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK