април 23, 2026

Ема Андерсон победи во „кралската дисциплина“, трката на 50 километри крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Швеѓанката буквално ја прегази конкуренцијата, од 30-от километар трчаше сама на патеката, на крајот пред втропласираната имаше предност од 2 минути и 15 секунди.

Ема Андерсон, трагичарката во штафетата 4×7,5 километри, кога падна два пати поради што Шведска го освои само сребрениот медал, во целта имаше време 2 часа, 16 минути и 28 секунди.

На почетокот на трката Андерсоин и Норвежанката, Хајди Венг се одвоија од останатите. Заедно трчаа до 30-от километар, кога Андерсон наметна темпо што Венг не можеше да го прати. Ветеранката од Норвешка во целта имаше послаб резултат за повеќе од две минути.

Трката сепак не мина без драма, пет скијачки се бореа за бронзениот медал. На крајот во последните 500 метри најдобро финишираше Швајцарката Наѓа Келинг. Борбата за бронза ја доби во конкуренција на Фоснес, Дигинс, Штадлобер, Нисканен.

Foto/ EPA

Share

The post Ема Андерсон ја прегази конкуренцијата на 50 километри крос-кантри appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK