април 23, 2026

Во едно кафуле во центарот на Белград се случи инцидент во кој познатиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ му го исфрли мобилниот телефон од раката на тик-токерот Александар Шулц, кој го снимаше и го провоцираше.

Шулц, познат на ТикТок како „Лепи“, му се приближи на Бјелогрлиќ и почна да го испрашува додека го снимаше. Актерот првично одговори учтиво, мислејќи дека е негов обожавател. Меѓутоа, кога сфатил дека станува збор за провокација, Бјелогрлиќ, според снимката што се шири на социјалните мрежи, рекол: „О, ти си овој човек“, одеднаш станал и му го исфрлил мобилниот телефон од раката. На ова, тик-токерот одговорил: „Што е?“, продолжувајќи да го снима и велејќи дека е „нервозен“.

Овој инцидент се случува откако Драган Бјелогрлиќ беше осуден на 21 ноември 2024 година на шестмесечна условна казна затвор, за насилно однесување, објавува српски Блиц.

Share

The post (Видео) Тиктокер го провоцираше Бјелогрлиќ во кафуле во Белград, актерот му го исфрли телефонот од рака appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK