Турската актерка Филиз Ахмет на локалната јавност и е најпозната по улогата на Нигар-калфа во серијата „Сулејман Величествениот“, а она што малкумина го знаат е дека таа е актерка со македонско потекло.
Нејзината убавина во серијата го маѓепса познатиот Ибрахим Паша, а во приватниот живот актерката се уште плени со совршениот изглед.
Потекнувам од уметничко семејство и во театарот сум од дете. Дипломирав глума на Факултетот за драмски уметности во Скопје и првенствено сум театарска актерка. Популарноста никогаш не ми била приоритет, истакна некогаш популарната актерка.