јануари 10, 2025

Интер за 20 минути му даде набрзина два гола во првата половина од првото полувреме на актуелниот италијански првак Милан, па со триумфот со 3-0 во Ријад (Саудиска Арабија) стигна до трофејот во Суперкупот на Италија.

За Интер ова е седми трофеј во Суперкупот со што се израмнија по број на освоени вакви трофеи со градскиот ривал, а Јувентус со девет останува најтрофеен во ова натпреварување на првакот и победникот на Купот, кое се игра од 1988 година наваму. Интер и лани го освои Суперкупот во С. Арабија после победата со 2-1 против Јувентус по продолженија.

Федерико Димарко по 10 минути игра на асистенција на Николо Барела ја најави, а Един Џеко во 21-та после асистенција на Франческо Ачерби ја дуплираше и ја завери победата за нов пехар на „нераѕурите“. Кога веќе беше јасно дека Интер ќе го добие ова „дерби дела Мадонина“, Лаутаро Мартинез на 13 минути пред крајот само стави печат на убедливиот триумф.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK