април 19, 2026

Натпреварот помеѓу европскиот шампион Шпанија и јужноамериканскиот шампион Аргентина закажан за 27 март, во Доха, во рамките на Фудбалскиот фестивал, ќе биде преместен во Европа, поради војната на Блискиот Исток. .

Иако ФИФА сè уште не донела конечна одлука, двете конфедерации се согласиле натпреварот дефинитивно да не се игра во регионот каде се води војна, туку во Европа.

Прашањето кое се наметнува е каде ќе се одигра натпреварот, наречен „Финалисима“.

Аргентинците не се согласуваат натпреварот да се игра на тлото на Шпанија, што им беше понудено, туку повеќе за Велика Британија, односно „Вембли“, тврдат аргентинските медиуми.

Сепак, овој стадион е зафатен бидејќи Англија тој ден игра пријателски натпревар со Уругвај.

Сега како домаќин се споменува Италија. „Олимпико“ во Рим или „Сан Сиро“ во Милано се стадиони кои, по својот капацитет и искуство, можат брзо да организираат таков спектакл.

Последниот збор сепак ќе го има ФИФА.

Share

The post „Финалисима“ веројатно ќе се игра во Италија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK