април 19, 2026

Португалскиот тренер Леонардо Жардим го презеде кормилото од бразилскиот гигант Фламенго.

По изненадувачката смена на Фелипе Луис, кој му донесе на Фламенго седум трофеи минатата година, црвено-црните од Рио де Жанеиро се одлучија за Леонардо Жардим.

Тој потпиша договор до декември 2027 година.

Жардим е најпознат по својот мандат во Монако, со кој го освои француското првенство и промовираше многу играчи кои завршија во најголемите европски клубови. Како Мбапе, Бернардо Силва, Фабињо…

Патем, последната работа на Жардим беше во Бразил. Тој го тренираше Крузеиро 10 месеци, но одлучи да си замине минатата година поради, како што рече, „потребата да го зачува своето физичко и ментално здравје“.

Foto/ depositphotos

Share

The post Леонардо Жардим официјално го презеде Фламенго appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK