април 19, 2026

Олимпијакос во вечното дерби го победи Панатинаикос со 86:80 и ја забележа 11-та победа по ред во Евролигата, против најголемиот ривал.

Сепак, најмногу коментари по натпреварот, во грчката престолнина, предизвика потегот на газдата на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, кој не го криеше своето незадоволство од арбитражата во дербито.

Според информациите од Грција, тој смета дека судењето имало клучно влијание врз исходот на натпреварот во Пиреја.

За главен виновник го означил претседателот на Евролигата, легендарниот српски кошаркар Дејан Бодирога.

За време на натпреварот, Јанакопулос побарал фотографијата на Бодирога, кој двапати ја освои европската титула со Панатинаикос, да биде отстранета од арената на Панатинаикос, ОАКА.

На тој банер е прикажан Бодирога како го крева шампионскиот пехар на Евролигата во 2000 година.

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња го носеше дресот на Панатинаикос четири години (1998-2002) и со клубот, меѓу другото, освои две шампионски титули во Евролигата, во 2000 и 2002 година.

По завршувањето на натпреварот, контроверзниот сопственик на „зелените“ се огласи на социјалните мрежи. На Инстаграм објави кратка порака упатена до Бодирога – на српски јазик:

„Срам да ти е!“

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Газдата на ПАО наредил да биде симнат банерот со ликот на Бодирога во ОАКА appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK