април 19, 2026

Елиф Елмас, синоќа демонстрираше дека ја игра најдобрата сезона во кариерата. Ја потврди победата на Наполи над Торино (2:1), со голот во 68-та минута.

Репрезентативецот на Македонија, сезонава е еден од најстандардните фудбалери на се уште актуелниот италијански првак.

По мечот низа комплименти за неговата игра подели тренерот на Наполи, Антнио Конте.

„Tреба да направиме статуа на Елиф Елмас. Го го разбира фудбалот. Може да игра на повеќе позиции, како централен играч во средниот ред, на крило но и како офанзивец во редот за врска. Тој е разноврсен играч. Почна во почетната постава по 18-ти пат по ред. Наша среќа е што го имаме во тимот“, рече Конте.

Foto/ /depositphotos

Share

The post Конте: Среќа е што го имаме Елмас appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK