април 20, 2026

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Реал Сосиедад со 3:2 (1:1) во 27-то коло од Ла Лига.

Дуелот на тимовите кои ќе се сретнат во финалето на Купот, мина во целосна доминација на домашната екипа, но и во еден таков развој на настаните тешко дојдоа до победата. Сосиедад буквално од два шута кон голот на Облак постигна два гола.

Атлетико го отвори натпреварот на вистински начин, бидејќи имаше предност од петтата минута. Погоди Александар Серлот на асистенција на Хозе Марија Хименез. Норвежаецот го постигна седмиот гол во кариерата против Сосиедад, откако во мај минатата година, успеа да постигне четири гола.

Предноста на домашниот тим траеше само четири минути, бидејќи Сосиедад одговори со гол во деветтата минута преку Карлос Солер.

Тоа беше резултатот од првото полувреме и важеше до 67-та минута кога Нико Гонзалез го зголеми резултатот на 2:1, а Антоан Гризман беше асистент.

Сосиедад експресно одговори по само 90 секунди, со топовски удар од работ на шеснаесетникот погоди Микел Ојарзабал.

Нико Гонаслес беше џокерот на Атлетико, влезе од клупата и успеа да ја погоди мрежата двапати за 14 минути. Во 81-та минута, тој го совлада голманот на гостите по втор пат за 3:2 и три бода за„ јорганџиите“.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Нико Гонзалес го реши Реал Сосиедад appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK