април 20, 2026

Фудбалерите на Селтик го победија Ренџерс на „Ајброкс“, во 451-то „Олд Фирм“, одиграно во четвртфиналето на Шкотскиот Куп. По 120 минути беше 0:0, но „Келтите“ по изведувањето пенали славеа со 4:2.

Великаните на шкотскиот фудбал се зад лидерот Хартс во првенството, што исто така би можело да значи дека Ренџерс многу лесно би можел да остане без трофеј оваа сезона.

Екипата на Мартин О’Нил се бранеше на „Ајброкс“, не создаде ниту една шанса, наспроти 24 шутеви на играчите на Ренџерс. Трагичари во пенал рулетот беа капитенот Џејмс Таверние (ја погоди гредат) и Џеди Гасама (шутираше над голот).

Сите четири пенали за Селтик ги реализираа Окслејд-Чемберлен, Трасти, Хатате и Цванчар.

По натпреварот, навивачите на Селтик истрчаа на теренот за да ја прослават победата, која противничките навивачи не сакаа да ја гледаат, па и тие влегоа на теренот.

Редарите реагираа и почнаа да ги раздвојуваат „завојуваните“ страни.

Share

The post (Видео) Селтик го елиминира Ренџерс appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK