април 20, 2026

Фудбалерите на Џенова ја победија Рома (2:1) во натпреварот од 28-то коло од италијанската Серија А.

Тимот, предводен од клупата од легендата на Рома, Даниеле де Роси, забележа значајна победа во борбата за опстанок и во исто време ја оддалечи Рома од местото во Лигата на шампионите.

Рома е петта на табелата со 51 бод, колку што има и четвртопласираниот Комо, додека бод помалку има Јувентус на шестото место.

Џенова до предност дојде во 52-та минута од пенал, кога погоди Жуниор Месијас.

На гостите од главниот град им беа потребни само три минути за да го постигнат израмнувачкиот гол, а Иван Ндика најдобро се снајде во шеснаесетникот. Дефеназивецот го постигна третиот гол на последните три натпревари.

Херој на домашниот тим беше Витиња, кој во 80-та минута го искористи додавањето на Мазини и ја погоди мрежата од работ на шеснаесетникот.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Рома падна во Џенова appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK