април 20, 2026

Фудбалерите на Интер ремизираа со Аталанта на домашен терен (1:1), во 29-то коло од Серија А.

Лидерот на табелата, нема победа во првенството две кола. Откако загуби од Милан, минатата недела, сега не успеа да ја совлада Аталната. Доколку Милан утре победи во Рим, против Лацио, ќе ја намали разликата во однос на Интер на само пет бода.

Тимот од Милано поведе во 26-та минута со голот на Франческо Еспозито по асистенција на Николо Барела.

Се чинеше дека Интер ја контролира играта и лесно ќе освои три бода, но така не мислеа гостите од бергамо.

Во 83-та минута, црногорскиот репрезентативец Никола Крстовиќ успеа да постигне гол за 1:1. Т

ренерот на Интер, Кристијан Киву, протестираше кај судиите, побара прекршок, ВАР ја провери ситуацијата што му претходеше на голот, но на крајот голот беше признат.

Тензиите не стивнува, Киву доби втор жолт картон и исклучување.

Интер се обиде да ја врати предноста на крајот, но не успеа. На крајот, тимовите ги поделија бодовите.

Интер е на првото место во Серија А со 68 бода, додека Аталанта е на седмото место со 47 бода.

Во следната рунда, Интер гостува кај Фиорентина, додека Аталанта ќе ја пречека Верона.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Контроверзен гол на Крстовиќ, Интер не успеа да ја победи Аталанта – Киву исклучен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK