април 20, 2026

Комеморативниот настан во Кочани за годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ заврши со настапот на Ирена Стевановска со композицијата „63 ангели”.

На 16 март 2025 година државата се разбуди со вести за кои никој не веруваше дека се вистина. „Пожар во дискотека во Кочани на настап на групата ДНК, има повредени“, „Десетици загинати во пожарот“…. како што течеше денот се полоши вести доаѓаа од Кочани.

Млади луѓе, студенти, фудбалери, ученици, пејачи, музичари…. 63 млади луѓе ги изгубија животите во таа кобна ноќ.

Жртва во несреќата е Илчо Гоцевски од делчевско Звегор, кој живееше во Кочани. Тој беше херојот од Брзата Помош, кој 32 часа без престан пренесувал пациенти од пожарот, до скопските Клиники. Илчо 11 пати возел на релација до Скопје, а за жал, по помошта која им ја пружи на повредените, легна, заспа и не се разбуди.

Share

The post (Видео) „63 ангели” – песна за згаснатите животи во „Пулс“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK