април 20, 2026

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 04.11.2025, пријавениот измамил жена од Прилеп за сума од 2.000 евра и 1.000 долари. Имено, лажно претставувајќи се како инспектор во странска земја, на жената ѝ соопштил дека нејзините внуци во странство направиле сообраќајна несреќа во која починало дете. Притоа, тој ѝ побарал пари за да издејствува нејзиниот внук да не оди во затвор, по што таа ги оставила парите на договореното место.

По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција, М.А. е лишен од слобода, а од надлежен судија му е одреден притвор.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK