април 20, 2026

Здравко Чолиќ објави нов сингл наречен „Не дај да остарим сам“.

Музиката и текстот за песната, која зборува за љубовта, преиспитувањето и стравот од губење на блискоста, се на кантавторката Маја Сар. Ова е нивна трета соработка, по успешните песни „Зар се нисмо схватили“ и „Прије него те изгубим“.

Песната е придружена со видео во режија на Горан Ковачиќ. Спотот е снимен во Венеција.

По објавувањето на синглот, Чолиќ продолжува со своите концертни активности. Во текот на март и април, тој ќе одржи дури пет распродадени концерти со симфонискиот оркестар во сараевската Зетра. Хрватската публика ќе има можност да го чуе на 20 јуни во Славонски Брод.

Share

The post (Видео) Здравко Чолиќ објави нова песна „Не дај да остарим сам“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK