април 20, 2026

Фудбалерите на Милан го победија Торино на „Сан Сиро“, со од 3:2 во натпреварот од 30-то коло на италијанската Серија А.

Избраниците на Макс Алегри остварија исклучително важна победа во трката за шампионската титула со Интер.

Неочекувано, централна фигура беше српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ, кој постигна фантастичен гол во првото полувреме, а потоа направи пенал во второто полувреме кој, за негова среќа, не влијаеше на конечниот исход.

Павловиќ, во 37-та минута, постигна еден од најубацвите голови од почетокот на сезоната. Испрати торпедо во мрежата на Торино. Сепак седум минути подоцна изедначи Џовани Симеоне, најстариот син на славиот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Чоло Симеоне.

Блиц криг во вториот фрл и головите на Рабио во 54-та и Фофана во 56-та минута му ја обезбедија победата на Милан.

До крајот, Влашиќ од пенал во 84-та минута го постави конечниот резултат.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Голчиште на Павловиќ, Милан го победи Торино appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK