април 20, 2026

Педесетгодишна жена од Куманово е пронајдена почината во дворно место на улицата „Средорек“, информираат од полицијата.

Според информациите, настанот бил пријавен вчера во 17:43 часот во СВР Куманово од страна на лекар од Итната медицинска помош. По пријавата, на местото излегла полициска екипа која извршила увид.

Станува збор за Г.Д. (50) од Куманово, а по наредба на надлежен јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција, со цел утврдување на причините за смртта.

Надлежните институции продолжуваат со расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK