април 20, 2026

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Атлетико Мадрид на домашен терен со 3:2 во дербито на 29-то коло од шпанската Ла Лига. Реал, успеа да слави во градскот дерби по шест натпревари и остана на минус од четири бода во однос на Барселона. Натпреварот го обележа сомнителниот пенал за Реал во 52-та минута и голчиштетето на Науел Молина.

Одличен натпревар одиграа градските ривали, Реал имаше шанса повеќе во првото полувреме, Атлетико од двете искористи една, преку Лукман во 33-та минута. Во 11-та минута дискутабилна ситуација пред голот на Реал, по стартот на Карвахал врз Љоренте, но судијата не се огласи.

Мууера реагираше во 52-та минута, кога досуди сомнителен пенал за Реал. Винисисус изедначи, а четири минути подоцна, Валверде ја казни грешката на Руџери и Хименез.

Во 66-тата минута, најубевиот момент на натпреварот, Молина од 25 метри испрати торпедо во голот на Реал.

Сепак радоста на гостите траеше само неколку минути, повоторно лошо поставување во одбраната, Баена задоцни да блокира,а Винисиус со својот втор гол му ја враи предноста на Реал.

И токму кога се чинеше дека ќе го доведат овој натпревар до релативно мирен крај, Реал остана со играч помалку – во 77-тата минута, дивјачки старт на Валверде врз зглобот на Баена, Мунуера веднаш го звлече црвениот картон и го исклучи капитенот на Реал.

Атлетико се насочи со сите сили кон напад, Алварез со страотен удар ја погоди стативата во 81-та минута. До крајот немаше гол и немаше промена на резултатот.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Сомнителен пенал го раздвижи Реал – „Кралскиот клуб“ го доби градското дерби appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK