Редовното консумирање овошје и зеленчук е поврзано со намален ризик од разни болести. За здраво срце и за спречување на кардиоваскуларни заболувања, кардиолозите препорачуваат грицкање бобинки, јаболка или банани.
Јаболка
Тие содржат полифеноли и флавоноиди, кои имаат важни антиоксидантни својства. Јаболката се исто така добар извор на влакна, витамин Ц и калиум, кои се добри за кардиоваскуларното здравје. „Јаболката имаат низок гликемиски индекс, па затоа помагаат во намалувањето на ризикот од дијабетес и холестерол, што пак го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања“, изјави кардиологот Џој Гелбман за „Prevention“.
Банани
„Бананите се добар извор на растителни влакна, витамин Ц, витамин Б6, калиум, магнезиум и антиоксиданси. Овие хранливи материи не само што го поддржуваат срцето, туку му помагаат на телото и на други начини. Диететските влакна помагаат во варењето, витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем, а витаминот Б6 е важен за развојот на мозокот и нервите“, нагласува докторот.
Боровинки
„Бобинките се особено богати со антиоксиданси и растителни влакна. Освен што се здрави за цревата, растителните влакна се клучни и за здравјето на срцето бидејќи помагаат во одржувањето на холестеролот на здраво ниво и спречуваат зголемување на крвниот притисок“, вели кардиологот.
Следете не, не има насекаде
