април 20, 2026

Вчера околу 17:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат село Клечовце – село Шупљи Камен, на место викано „Кантон“, патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски, управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот.

Лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д.(57) биле констатирани телесни повреди во Општа болница Куманово. Според изјавата на сопатничката , на М.Д. му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата, информира МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK