април 20, 2026

Јавното претпријатие за хуман третман на бездомни кучиња Лајка ја интензивира својата мисија за општествено одговорно вклучување на граѓаните со нова програма за привремено згрижување, со цел подобрување на благосостојбата на кучињата и зголемување на стапката на вдомување.

Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. Овој модел овозможува кучињата да се социјализираат, да стекнат рутина и повторно да изградат доверба во луѓето, што значително ги зголемува шансите за успешно вдомување.

Како поддршка на згрижувачите, ЈП Лајка ќе обезбеди: храна за целото времетраење на престојот, комплетна ветеринарна грижа, стручна поддршка и насоки, промоција на кучето за вдомување

Нагласуваме дека за вклучување во програмата не е потребно претходно искуство, туку желба за помош, основни услови и одговорен пристап.

Привремените згрижувачи се клучен дел од системот за хуман третман. Благодарение на нив, кучињата добиваат шанса повторно да веруваат и полесно да најдат траен дом.

Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават или да добијат повеќе информации преку info@lajka.com.mk или преку социјалните мрежи на ЈП Лајка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK