април 19, 2026

Македонската репрезентација во тренинг центарот „Петар Милошевски“ се подготвува за првиот плеј-оф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство.

Александар Трајковски потенцира дека тимот мора максимално сериозно да пристапи на дуелот.

Напаѓачот, кој пред четири години во Палермо го постигна историскиот гол против Италија за пласман во финалето во плејофот за СП 2022, верува дека новата енергија во тимот може да донесе позитивен резултат.

„Со нов селектор доаѓа нова енергија и нова визија. Мислам дека добро ќе се подготвиме за овој натпревар. Вчера првпат се приклучив и навистина видов одлична атмосфера и квалитетен тренинг. Ако продолжиме вака, ќе бидеме максимално подготвени“, изјави Трајковски.

Тој нагласи дека фокусот и концентрацијата ќе бидат клучни против силниот противник.

„Данска можеби е фаворит на хартија, но ние сме покажале дека можеме да играме против секого. Верувам во оваа екипа. Изјавите од нивна страна може само дополнително да нè мотивираат“, додаде напаѓачот.

Трајковски не крие дека овој натпревар има посебно значење за него.

„Искрено, ова е еден од најважните натпревари во мојата кариера на репрезентативен план. Нема поубаво чувство од победа во вакви моменти и можност да се бориш за пласман на Светско првенство. Се надевам дека ќе успееме да го повториме успехот од Палермо.“

На крајот, тој потенцира дека во вакви дуели фаворитската улога не игра пресудна улога.

„Ова е фудбал, се игра еден натпревар и сè е можно. Ќе ја анализираме Данска, ќе ги бараме нивните слабости и ќе се обидеме да ги искористиме. Само така можеме да дојдеме до посакуваниот резултат“.

Извор и Фото/ Фудбалска федерација на Македонија

Share

The post Трајковски: Данска е фаворит, ние покажавме дека можеме да играме со секого appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK