април 19, 2026

Трката за МВП во НБА лигата се води меѓу четворица кошаркари и се чини дека ќе биде решена во последниот натпревар од сезоната.

За престижната награда во игра се актуелниот МВП, Шеј Гилџис-Александер, Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Виктор Вембањама.

Прогносите се дека Гилџис-Александер ќе ја одбрани тиулата и покрај тоа што Јокиќ во просек има трипл-дабл, а Дончиќ е најдобар стрелец.

Сепак, Виктор Вембањама верува дека трката сè уште не е завршена и дека тој со право треба да биде најкорисниот играч во најсилната кошаркарска лига во светот.

„Мојата цел е да се осигурам дека нема повеќе дебата на крајот од сезоната“, рече двократниот Ол-стар учесник.

Кога беше замолен да ги наведе своите три аргументи за освојување на трофејот, 22-годишниот Вембањама понуди промислен одговор што може да му донесе само повеќе гласови.

„Мојот прв аргумент е дека одбраната е 50 проценти од играта, а тоа досега беше потценето во оваа трка. Верувам дека сум највлијателниот дефанзивец во лигата“, рече Вембањама.

„Мојот втор аргумент е дека ја победувавме Оклахома Сити речиси секогаш оваа сезона. Три пати доминиравме над нив кога играа со полн состав. Трето, влијанието во нанадот не се мери само со бројот на постигнати поени“, заклучи францускиот центар.

Вембањама знае дека е уникатен играч и има добри шанси да стане најмладиот МВП во историјата на лигата. Доколку успее, тој би го надминал поранешниот играч на Чикаго Булс, Дерик Роуз, кој исто така имаше 22 години кога ја освои престижната награда.

Share

The post Вембањама: Треба да бидам MВП, најдобар сум дефанзивен играч и три пати ја декласиравме Оклахома appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK