април 19, 2026

Мајка од Скопје пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка е бремена, откако претходно ја однела на лекарски преглед поради сомнежи за нејзината здравствена состојба.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 28.03.2026 година во 00:30 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријавила дека нејзината 14-годишна ќерка била однесена на преглед на Гинеколошко-акушерската клиника во рамки на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите утврдиле дека девојчето е во поодмината бременост.

Според пријавеното, по лекарскиот преглед, малолетничката ѝ признала на мајка си дека во текот на летото 2025 година доброволно имала полови односи со свој врсник, со кој била во емотивна врска.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, во согласност со законските процедури.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK