април 16, 2026

Купер Флег одигра спектакуларен меч, во поразот на неговите Далас Маверикс од Орландо Меџик (127:138).

Флег, кој беше ѕвезда на колеџ кошарката во Дјук, што го наведе Далас да го избере како прв избор на драфтот минатото лето, влезе во аналите на кошарката како единствен кошаркар во историјата на НБА кој постигнал 50 или повеќе поени, а имал помалку од 20 години.

Флег во декември ќе го прослави 20-от роденден.

Во дуелот со Орландо тој постигна 51 поен. Тој шутираше солидни 19/30 од поле, но и импресивни 6/9 за три поени, додека беше непогрешлив од линијата за слободни фрлањаа, 7/7.

Share

The post (Видео) Историски подвиг на тинејџерот Купер Флег appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK