април 16, 2026

Во ноќна акциска контрола спроведена од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при МВР, лишени се од слобода седум лица, одземени се три возила, а изречени се вкупно 16 санкции.

Контролата била реализирана во периодот од 22:00 до 04:00 часот на 3 кон 4 април на подрачјето на општините Илинден, Бутел и Кисела Вода во Скопје.

При акцијата, тројца возачи биле санкционирани за управување возило под дејство на алкохол, додека шестмина биле казнети за други сообраќајни прекршоци.

Седум лица се лишени од слобода поради сомнение за сторени кривични дела по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Од нив, пет лица – меѓу кои и еден малолетник – управувале возило без возачка дозвола, едно лице управувало со истечена дозвола, а едно лице возело и покрај активна забрана за управување.

Во рамки на акцијата, одземени се и три возила.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни прекршочни и кривични пријави против сторителите.

Акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, при што од полицијата апелираат до граѓаните доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK