април 16, 2026

По поразот во финалето на Лига Купот, Арсенал доживеа елиминација и од ФА Купот. Во четвртфиналето, лидерот во Премиерлигата, загуби во второлигашот Саутемптон со 2:1.

Само пред неколку недели се чинеше дека Арсенал може да направи историски резултат и да стигне до четири главни трофеи, сепак, прво Манчестер Сити го расипа планот во финалето на Лига Купот, а вечерва членот на Чемпионшип, Саутемптон, го исфрли тимот од четвртфиналето на ФА Купот.

Микел Артета излезе го комбиниран состав. трагичарот од финалето во Лига купот, Кепа, повторно беше на голот, а Сака, Рајс и Тимбер воопшто не играа, додека Салиба и Ѓекереш, влегоа само во второто полувреме.

Домашниот тим го искористи тоа и поведе во 35-та минута со голот на Стјуарт. Виктор Ѓекереш израмни во 68-та минута и најави дека Арсенал може да победи.

Сепак во 85-та минута, Чарлс му го донесе второто водство на Саутемптон.

Арсенал немаш ниту, сила, ниту некаква идеја како да дојде до уште едно израмнување на резултатот.

Саутемптон по пет години повторно ќе игра во полуфиналето на ФА купот.

Share

The post (Видео) Второлигаш го елиминира Арсенал од ФА купот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK