април 17, 2026

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, објави дека работите на првата фаза од булеварот „Македонија“ напредуваат со планираната динамика.

Овој проект е клучен дел од инфраструктурното поврзување на градот, со фокус на изградбата на првата подземна сообраќајница во Скопје, која треба значително да го растовари сообраќајниот метеж во овој дел од градот.

„Булевар ‘Македонија’, прва фаза. Чекор поблиску до првата подземна сообраќајница. Скопје го правиме заедно. По скопски!“, истакна Ѓорѓиевски во својата објава.

Проектот се смета за еден од најкомплексните во главниот град, а реализацијата на првата фаза е неопходен чекор за конечното оформување на овој модерен сообраќаен коридор.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK