април 16, 2026

На 12.04.2026 во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с. Одри, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Ќ. (19) од с. Теарце, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А. (20) од с. Слатино, кој бил пренесен за укажување лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобил и возачот М.Ќ., констатирани во Ургентниот центар во Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK