април 16, 2026

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во интервју за емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 истакна дека во градот се спроведува интензивна градежна и инфраструктурна офанзива со цел решавање на долгогодишни проблеми на граѓаните.

Тој посочи дека Битола има специфична урбана структура, со старо градско јадро и заштитени културно-историски целини, што значително ја отежнува реализацијата на градежни зафати во централните делови на градот.

„Битола е град со старо градско јадро, со улички кои се заштитени со закон, па делувањето таму е многу тешко, но тоа е предизвик со кој се соочуваме“, рече Коњановски.

Тој додаде дека во текот на неговиот прв мандат и првата година од новиот мандат се реализираат бројни инфраструктурни проекти, најмногу насочени кон реконструкција на водоводната и канализационата мрежа.

Според него, токму застарената инфраструктура со децении претставува еден од најголемите проблеми за граѓаните.„Инфраструктурата е основа за нормално функционирање на секој град и затоа работиме на решавање на децениски проблеми“, истакна тој, додавајќи дека општината има силна поддршка од Владата во реализацијата на проектите.

Share

The post Коњановски: Во Битола се решаваат децениски инфраструктурни предизвици appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK