април 16, 2026

Легендарниот голман на Баерн Минхен и германската репрезентација, Оливер Кан, го критикуваше Реал Мадрид по реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Баварците го победија Реал со 4:3 на „Алијанц Арена“ и со вкупен резултат од 6:4 поминаа меѓу четирите најдобри тима во Европа.

Ден, по реваншот во Минхен, најмногу се зборува за реакцијата на играчите на Реал и обвинувањата против судијата, Славко Винчиќ.

Во Мадрид веруваат дека словенечкиот судија е единствената причина за елиминацијата бидејќи му го покажа вториот жолт картон на Едуардо Камавинга, во 86-та минута кога гостите водеа со 3:2.

„Нешто мора да се преземе за да се спречи ова. Не можат постојано да минуваат неказнато. Секогаш завршува со хаос ако работите не одат по нивно. Се однесуваат како секоја одлука на судијата да мора да биде во нивна корист“, рече Кан.

„Не беше поинаку и сега. Истото ни го правеа и претходно, го прават и сега. Тоа е неприфатливо и мора да престане. Искрено, тоа многу кажува за тоа како успеаја да освојат 15 титули во Лигата на шампионите.“

Foto/ Depositphotos

Share

The post „Играчите на Реал стално се жалат, тоа кажува како успеаја да освојат 15 титули во ЛШ“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK