април 16, 2026

Општина Чаир ја информира јавноста дека сите ангажмани се реализираат врз основа на јасни законски процедури, договори и конкретно извршени услуги.

„Секоe ангажирано лице има дефинирани обврски, а секоја исплата е евидентирана, документирана и целосно проверлива. Општината не практикува, ниту ќе дозволи фиктивни ангажмани или исплати без реална основа.
Во обид да се пренасочи вниманието од суштината, се пласираат политички конструкции кои немаат допирна точка со фактите. Наместо да се отвора прашањето дали некој е одреден жител, суштината е дали работата е извршена, а во овој случај, таа е јасно документирана и потврдена.

Иронично е што токму оние кои со години не воспоставија стандарди на транспарентност, денес се обидуваат да држат лекции за отчетност. Разликата денес е очигледна, секој процес е отворен, проверлив и подложен на јавен увид.

Општина Чаир останува целосно посветена на принципите на законитост, отчетност и професионално управување. Доколку постои било каков сомнеж за злоупотреба, ние сме првите кои ќе побараме целосно расчистување и одговорност“ велат од општина Чаир.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK