април 16, 2026

Физички напад бил пријавен вечерва во хотел во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, на 16 април 2026 година во 21:40 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во хотел на подрачјето на главниот град.

По пријавата, полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, при што било констатирано дека лицето П.Н. било физички нападнато од две лица од село Ржаничино. Напаѓачите по инцидентот го напуштиле местото со патничко возило.

Повредениот бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на напаѓачите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK