април 17, 2026

На 17.04.2026 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.Д. (61) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ и Б.Б. (49) од Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.3 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од КЗ.

З.Д. во својство на овластено службено лице, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување, овозможил на правен субјект од с. Крушопек – Сарај, поточно подружница во рамки на предметниот субјект, лоцирана во с. Глумово во периодот од 01.02.2022 до 03.06.2022 да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.224.064 денари (без ДДВ). Тој, по дадено овластување од страна на градоначалник на Град Скопје да потпишува акти во 2021 година, му овозможил на правниот субјект да се стекне со право, односно решение за утврдување на режим на сообраќај, а врз основа на тоа и овластување за вршење на технички преглед на правниот субјект, иако бил свесен дека надлежноста за издавање на ваков тип на решение е во надлежност на општина Сарај, а не на Град Скопје, со што постапил спротивно на чл.20 од Законот за локална самоуправа.

Потоа Б.Б., во својство на овластено службено лице градоначалник на Општина Сарај, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување овозможил на истиот правен субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од 42.851.205 денари. Тој во период од октомври 2022 година до март 2023 година во два наврати донел решение за утврдување на режимот на сообраќај и решение за измена и дополнување на решението за изменување и дополнување на решението за утврдување на режимот на сообраќај врз основа на поднесени барања од барателот (предметниот правен субјект), без претходно да изврши должен надзор во доставените прилози и да констатира дека истите не се во согласност со Урбанистичкиот план за село Глумово, со што постапил спротивно на чл.50 ст.1 т.4 и т.11 од Законот за локална самоуправа, во врска со чл.20 од Законот за урбанистичко планирање и чл.47 од Законот за градење.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK