Актуелниот селектор на Бразил, Карло Анчелоти, петкратен освојувач на Лигата на шампионите, прогонозираше кој ќе го освои елотното натпреварување оваа сезона.
Поранешните клубови на Анчелоти, ПСЖ и Баерн Минхен го формираа првото полуфинале, во второто ќе се сретнат Атлетико Мадрид и Арсенал.
„Лигата на шампионите е натпреварување кое ве тера да растете. Секој натпревар, секој дуел носи ново искуство и напредок“, рече Анчелоти.
Зборувајќи за фаворити, тренерот на Реал Мадрид го издвои ПСЖ, кој и оваа сезона има високи амбиции во Европа. Според него, иако конкуренцијата е исклучително силна, Парижаните сепак се над конкурентите.
„Премногу се силни“, кратко рече Дон Карло.
Foto/ Depositphotos
The post Анчелоти има свој фаворит во Лигата на шампионите appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
