април 18, 2026

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска оствари продуктивна средба со заменик-директорот на Европскиот оддел на Меѓународниот монетарен фонд, Марк Хортон, на која се разговараше за воспоставувањето на новиот Регионален центар за техничка помош за Југоисточна Европа – SEETAC.

На средбата беше нагласено дека новиот центар ќе има значајна улога во јакнењето на институционалните капацитети и поддршката на реформските процеси во земјите од регионот.

Димитриеска – Кочоска истакна дека формирањето на SEETAC претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката со ММФ и отвора можности за поголем пристап до експертиза, која ќе придонесе за поефикасни јавни политики, стабилни јавни финансии и зајакнување на економската отпорност.


Share

The post Димитриеска Кочоска: Продлабочена соработка со ММФ – Регионалниот центар носи нови можности за економијата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK